Global Navigation

www.krusevo.gov.mk
Линкови

Main Navigation

Sub-Navigation

Content

Инфраструктура

________________________________________________________________

Сообраќајна инфраструктура

Општина Крушево се наоѓа во централниот дел на Р. Македонија и е оддалечена 168 км. од Скопја како главен административен и потрошувачки центар, 55 км. од Битола и 35 км. од Прилеп. Со овие центри Крушево е поврзано се регионалните патни правци: Крушево - Прилеп - Скопје, Крушево - Прилеп - Битола - Охрид.
Градот Крушево од двата аеродроми е оддалечен:
- 160 км. од скопскиот аеродром и
- 150 км.од охридскиот аеродром.



________________________________________________________________

Енергетска инфраструктура

Општина Крушево воглавно како енергенс ја користи електричната енергија. Преносната мрежа е составена од три далноводи Кичево - Демир Хисар - Крушево, Битола - Демир Хисар - Крушево и Битола - Тополчани - Крушево. Трансвомацијата од 110 KV на помали напони го овозможува главна трафостаница ТС 110/35/10 KV во Крушево. За затоплување се користи високо квалитетно дабово и буково дрво од шумското богатство кое го има Општина Крушево. Последниве две години започнат е проект за ,,ПАРК НА ВЕТРОВИ,, кој што е во напредна фаза за чија реализација се чекаат уште дозволи за градба и концесија за земјиштето. Главен инвеститор е мешовитата словенско - македонска фирма ,,Мосен,,

________________________________________________________________

Телекомуникациона инфраструктура

Телекомуникациската поврзаност на општината со останатите региони на Република Македонија и со странство е добра. Градот Крушево располага со современа пошта која ги извршува сите поштенски работи, фиксната телефонија ја опслужуваат два оператори ,,T-Home,, и ,,Cosmofon Alo-Alo,, а мобилната три оператора “Мобимак“, “Космофон“ и ,,Вип,,.
Развојот на телекомуникациите во општината оди во прилог на проширување и модернизација на телекомуникациската мрежа. Во последно време масовно се користат системите на мобилната телефонија и Интернет.

________________________________________________________________

Водостопанство и водни ресурси

Градот Крушево се снабдува со вода за пиење од Регионалниот водовод Студенчица додека недостигот го надопилнува од сопствени каптажи од Бушова Планина. Во текот на летниот период има недостиг на вода и затоа општината започна со реализација на проектот ,,Испитување и ископување на нови бунари на месноста Бела Вода. Во сите населените места имаат изградено водоводни мрежи кои се снабдуваат со вода за пиење од сопствени каптажи, Регионалниот водовод Студенчица и Локалниот водовод Бучин. Територијата на општина Крушево се карактеризира со слаба хидрографска мрежа. Најзначаен водотек претставува реката Црна, која влегува на територијата на општината над селото Бучин, ги собира површинските и ги дренира подземните води. Главни притоки на реката Црна се реките Жаба, Журешница и Селишка река, кои извираат од Крушевската планина. Водостојот на реките е најголем при врнежите и топењето на снеговите, кога тие и се претвораат во порои.

________________________________________________________________

Комунална инфраструктура

Градот Крушево има изградено канализациона мрежа, сите отпадни води се вливаат во речното корито на Крушевска река без претходно прочистување. Во ниту едно населено место нема изградено канализациона мрежа. Единствено во текот на 2008 година започна реализацијата на проектот ,,Канализациона мрежа во с.Врбоец,,. Цврстиот отпад од градот се собира на привремена депонија која се наоѓа на влезот од градот, додека во населените места нема одредено места за собирање на цврстиот отпад.

Footer