Global Navigation

www.krusevo.gov.mk
Линкови

Main Navigation

Sub-Navigation

Content

Културни настани

Крушевската Република 1903 г. траела само 10 дена и е најзначаен период од македонската историја. Затоа од 1967 г. па наваму традиционално секоја година од 1 до 10 Август се одржува манифестацијата “ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА”. Цел на овие научно - културни средби е да се афирмира национално-ослободителната борба за слободна и самостојна Македонија, да се објават публикации и научни трудови, како и низ разни културно-уметнички форми, да се промовира македонскиот традиционален дух. Богатиот македонски фолклор и народната песна, традиционално е присутен во сиот свој раскош на звуци, бои и носии во оригиналните и стилизираните настапи на реномирани културно-уметнички друштва од Републикава. Во рамките на манифестацијата ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА на Илинден, Втори август, традиционално се одржува голем народен собир, на Мечкин камен - бедемот на Крушевската Република, локалитет од каде што последните борци ја бранеа големата идеја на Крушевската Република и преставува симбол на херојство и непокорност на македонскиот народ.

Ликовна колонија Почнувајќи од 1997 г. во Крушево постои ликовна колонија каде се презентираат делата на познати домашни и странски автори кои го сликаат Крушево и околината, староградската архитектура, прекрасните пејзажи и т.н

Етно саем Во Крушево сеуште рачно се ткаат: јамболии и батании; се плетат и везат: перници, пердиња, милиња, чаршафи; кои се дел од традицијата, обичаите и културното наследство на ова поднебје. Вештите крушевски златари ја знаат мајсторијата и занатаот на традиционалната рачна изработка на благородните метали и со право се гордеат со рачно изработениот филигран, рачно работен и лиен сребрен и златен накит како и др. златарски производи. Крушевчани ги негуваат и старите занаети калајџиски, кујунџиски, казанџиски. Сите тие вредни рачни изработки на нашите мајстори можете да ги видите на едно место секоја година од 1-5 август на ЕТНО- САЕМОТ кој традиционално се одржува од 2003 г. под покровителство на Министерството за Култура на Република Македонија во организација на Историскиот Музеј од Крушево и граѓанските здруженија.

 

 

 

 

 

 

,,КРУШЕВО ЕТНО ГРАД 2011,,

ПОВИК 2011

Крушево Етно град BBC World News...

повеќе....

 

 

ИНФОРМАТОР ЗА РЕАЛИЗИРАНИ И ЗАПОЧНАТИ ПРОЕКТИ ВО 2011

КРУШЕВСКА СОФРА

2010

Footer