Global Navigation

www.krusevo.gov.mk
Линкови

Main Navigation

Sub-Navigation

Content

Туристички капацитети

1. Постоечки капацитети

Градот Крушево поради поволните климатски, географски, историско-културни специфики од поодамна се смета за туристички центар со повеќе туристички капацитети особено како зимски туристички центар.

Во непосредна близина на градот постојат тскијачки терени за алпско скијање во должина од 1,2 км, патеки за нордиско скијање и бијатлон со должина од 4,5км, жичарница која почнува од центарот на градот и два скилифта на самите терени, патеки за планински велосипедизам во должина од 6км, спортки рекреативен центар ,,Гумење,, со пет терени за мал фудбал, ракомет, тенис, одбојка и два терени за голем фудбал, спортска сала за одбојка и кошарка со 300 седишта

Хотели/Сместувачки капацитети

 

Број на легла

Хотели ,,Монатана,, ................................................................

Хотел ,,Панорама,,..................................................................

Хотел ,, Илинден,, (се реновира)........................................

Детско одморалиште ,,Шула Мина,,..................................

Вила ,,Кола,, .............................................................................

Вила ,,Гора,,..............................................................................

Вила ,,Павија,,..........................................................................

Вила ,, Винце,,.........................................................................

Приватни сместувачки капацитети ...................................

 

 

220

70

 

150

20

20

20

12

200

 

 

 

 

2.Можности за изградба на нови туристички капацитети

Хотелска зона - Согласно Деталниот урбанистички план на град Крушево предвидена е можност за изградба на нови хотелски капацитети. Истите се предвидуваат да се изградат во т.н. Хотелска зона. Таа се наоѓа во постоечката хотелска зона ( постоечките хотели ) проширена кон запад и има можност за вметнување на нови хотелски објекти воглавно во централните и западните делови на зоната.Просторот кој го зафаќа зоната изнесува 5,95ха. Од страна на инфраструктуктурните услови во зоната има можност за поврзување на новите објекти на градската водоводна канализациона и електрична мрежа , со решени пристапни патишта. При изградбата на нови објекти сопствениците се ослободени од надоместок за комунално уредување бидејки уредувањето паѓа на трошок на инвеститорот

Викенд зона - со новиот Генерален план на град Крушево предвидена е Викенд зона на терените источно и западно од браната на вештачкото езеро и во непосредна близина на Спортско Рекреативен Центар - Гумење и зафаќа површина од 7.32ха. За истата е изработен Детален урбанистики план со кој се пристапи кон продажба на локациите и изградба на објекти. Викенд зоната со своите содржини, објектите за повремено живеење, одмор и рекреација, објекти за пансионско сместување на туристи и објекти за комплементарни дејности се очекува да ја збогати туристичката понуда на градот. Зоната има можност за приклучок на градската водоводна , канализациона и електрична мрежа, а до неа води асфалтен пат. Огласот за продажба на локациите тече и продадени се вкупно 20 локации за викенд куќи.

Ски центар Мусица - скијачките терени на врвот ,,Мусица,, се наоѓаат на 1850 надморска висина, овозможуваат прекрасни услови за развој на зимски туризам. Теренот го образуваат наизменично гребени и котлини кои се во најголем број пошумени, но кои кријат и неколку убави ледини. Падините се протегаат главно кон исток и со својот пад од околу 30% тие се пристапни скоро за сите категории на скијачи. Тоа се најинтересните терени на три километри од градот. Денивелацијата на терените се движи од 200 до 600 м. со должина од 600 до 2000 м. и пад од 24% до 38%. Изработене е Урбанистички план ,,вон населено место,, и изграден е асфалтен пат во должина од 6 км до манастирот Св. Преображени.

Викенд зона

Скица Ски центар ,,Мусица,,

 

Ски центар ,,Станич,,

Патеки за нордиско скијање

 

Footer