
| www.krusevo.gov.mk | Линкови |
СОУ ,,Наум Наумовски - Борче,, Крушево Контакт телефони: 02 3 297 170 * 02 3 162 777 |
Чаршија Чаршија Во средиштето на градот е чаршијата. Во неа и кон неа се слеваат маалските сокаци, стрмни и тесни, се виткаат, прекршуваат и качуваат, следејќи го теренот и непишаните правила на старите урбани агломерации. Чаршијата е составена од низа мали занаетчиски и трговски дуќани, наредени еден до друг. Таа е најживописниот дел до градот, на кој се надоврзуваат маалата, каде се одвива целиот живот . Чевларскиот дуќан кој се пренесувал од дедо на внук, од татко на син работи традиционално, рачно, без машини, старите чевли се шијат со конец намачкан со восок, таму има многу дрвени калапи за чевли, стари алатки кои имаат многу да кажат за едно време одминато, далечно, носталгично кога чаршијата значела култура, знаење, наука, воспитување. Од некогашната надалеку прочуена крушевска чаршија сеуште постојат некои од старите занаети: калајџиски, кујунџиски, казанџиски, чевларски, златарски и други. Сеуште работат бочвари, копаничари, бакроресци, фурнаџии, столари итн.
|