Global Navigation

www.krusevo.gov.mk
Линкови

Main Navigation

Sub-Navigation

Content

ГРАДСКИ ПАЗАР

_______________________________________________________________

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО КРУШЕВО

Изградбата на Градскиот пазар во Крушево ќе се реализира во три фази. Се работи за објект кој што се наоѓа во рамките на ГП 56 со максимална површина за градба од 713м2 и максимална висина на венец 6м. Проектирани се: подрумски простор на кота - 3,60 во кој ќе биде сместено паркирањето (потребно е да се обезбедат 23 паркинг места), на катот е предвиден затворен пазар околу кој ќе гравитираат дуќани со два влеза, едниот од надворешна страна а другиот од внатрешноста на пзарот. На катот се предвидени канцелариски простории во еден модул.

Проектни содржини:

1. Подрум - во рамките на подрумот се предвидува паркирање на 23 лесни моторни возила: Вкупно П=606,17м2

2. Приземје - во рамките на приземјето се предвидуваат девет продавници и еден голем централен простор (затворен пазар) - 582,25м2

3. Кат - во рамките на катот се предвидува канцелариски простор - 5.5/5.5м.

 

 

_______________________________________________________________

ПРВА ФАЗА

Првата фаза опфаќа изградба на подрумот - паркингот односно изградба на носечката конструкција (стубови) до поставување на плоча.

 

________________________________________________________________

ВТОРА ФАЗА

Со втората фаза од изградбата на Градскиот пазар се опфатени ѕидарските работи, бетонските работи, молерофарбарски работи, градежно занаетчиски работи, водовод, канализација, електрична инсталација се до дрвена кровна конструкција .

изведувач на работите: дооел ,,ИНЖИНЕРИНГ ТЕРА КОТА,, Прилеп,

инвеститор: Општина Крушево,

надзор: ТД ,,ГЕНИКО,, дооел Прилеп

 

 

Со текот на реализацијата на Втората фаза заврши и Јавната набавка за изведба на работите од Третата последна фаза која што ја опфаќа кровната конструкција, фасадата, столаријата и внатрешното уредување.

 

 

_______________________________________________________________

ТРЕТА ФАЗА

 

 

 

Footer